18/04/2024
Струга

Ограбена бензиска пумпа на излезот од Струга кон Дебар

На 02.08.2018 година околу 03:45 часот во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштоли од вработените одзеле неутврдена сума на пари од дневниот пазар, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.