29/03/2024
МакедонијаСтруга

Ограбена црквата „Св.Илија“ во струшкото село Радожда

Вчера ПС-Струга М.С. (58) пријавил дека во периодот од 29.10 до 01.11.2017 година во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител. Тој, насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.