20/04/2024
Охрид

Охрид атрактивен за најлудата ноќ

За дочекот на Новата година, охридските хотели, ресторани и кафулиња се веќе подготвени. На само еден ден пред најлудата ноќ, поголемите угостителски објекти се делумно исполнети, додека пак во помалите објекти скоро и да нема место.

Туристичките работници се задоволни од исполнетоста на градот. Тие велат дека, како и претходните години, така и оваа, најбројни се гостите од соседството, Србија и Бугарија, но не изостануваат и домашните гости.

Цените за најлудата ноќ во Охрид не се разликуваат од минатата година, тие се движат од 10 евра во помалите објекти, па се до 160 евра во полуксузните објекти.

Прославата на градскиот плоштад во Охрид, најпрво ќе започне на пладне за најмладите, а во вечерните часови ќе настапат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, а ќе настапат и повеќе охридски пејачи. Дочекот на Новата 2013 година ќе биде означен со голем огномет над Охридското Езеро.

WebOhrid