20/04/2024
Охрид

“Ohrid calling” и годинава настан број 1 за летната туристичка сезона

Традиционално, веќе неколку години по ред, Охрид е центар на електронската музичка сцена во овој дел на Европа, во рамките на фестивалот “Ohrid calling”.

Во текот на изминатиот неколкугодишен период, со спектакуларите настапи на глобално познати изведувачи како што се Димитри Вегас и Лајк Мајк и Армин Ван Бурен, фестивалот прерасна во бренд кој денес е препознатлив низ целиот свет.

Годинешното издание, кое ќе се одржи од 01/08/2019-04/08/2019 година во објектот на поранешната касарна во Охрид, на сцена носи рекорден број од 16 светски реномирани артисти, меѓу кои и Робин Шулц, Бруно Мартини, Мартин Јенсен, Фед Легранд и многу други.

Од продукциската куќа “Авалон” кои се организатори на настанот потенцираат дека цената на билетите за сите перформанси е многу прифатлива и ќе привлече голем број домашни и странски туристи, љубители на електронската музика.

Блок влезниците за сите четири дена се по цена од 2.999 денари (49 евра), фан пит 3.990 денари (65 евра) и ВИП 6.000 денари (100 евра).

Цената на единечните билети по ден е 1.200 денари (20 евра), за единечен партер, 1.999 денари (33 евра) за фан пит и 3.000 денари (49 евра), за ВИП.

За годинава, организаторите најавуваат посетеност од најмалку 20.000 посетители.