20/04/2024
Охрид

Охрид дел од меѓународна обука од областа на урбанизмот

Лилјана Јоноска и Биљана Анѓелоска  од Секторот за урбанизам  при општина Охрид, денеска пред дел од  општинската администрација одржаа презентација  за значењето на  SymbioCity пристапот  при урбанистичко планирање и развој  по стекнатото искуство од  учеството на  првата  работилница во Белград.

На присутните им беше укажано дека SymbioCity пристапот е метод, концептуална рамка којшто ќе најде примена за овозможување локална демократија и холистички урбан развој на Охрид.

Двете охриѓанки се единствените претставнички од Македонија на тренинг програмата што ја организира Интернационалниот центар за Локална демократија од Шведска. Покрај нив на обуките учествуваат претставници од Србија, Украина и Турција. По првата работилница одржана неодамна во Белград, дваесетте  учесници поделени во осум работни тима ќе земат учество во уште четири работилници кои ќе се реализираат  во наредниов период.