Охрид домаќин на Фестивалот на вино и сирење

Синоќа  на плоштадот „Чинар“ во охридската чаршија  беше отворено  годинешното издание на фестивалот на вино и сирење. На типизирани штандови своите производи  ги претставија дваесеттина  производители од Македонија и Албанија.  Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Константин Гeоргиески   кој се обрати пред  бројните посетители.

„Задоволство е да се присуствува  на олку убав настан кој полека но сигурно од година во година станува се  препознатлив белег во туристичката понуда на Охрид. Оваа убава глетка на изложени вкусни сирења од нашите бачила и убави вина од македонските и  производителите од соседна Албанија  не враќа во времето  раскажувано од нашите мајки и татковци кои детството го минувале по долините  и на лозовите насади, таму каде и денес се прави нашето вкусно сирење и се произведува надалеку познатото македонско вино“-рече Георгиески.

Фестивалот продолжува и  вечерва. Во двете фестивалски ноќи има забавен дел за кој беа ангажирани  членовите на групата Билјана – Јуниор и оркестарот  Климе Садило.