28/03/2024
Охрид

Охрид домаќин на конференција за размена на искуства и саем за вработување

Градоначалникот Јован Стојаноски ја отвори Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување што денес се одржуваат во Охрид. Станува збор за собири кои што се дел од проектот за прекугранично претприемнишво СЦБЕ/ТВЦ, финансирани од програмата на ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција.

Пред присутните во своето обраќање градоначалникот Стојаноски објасни кое е значењето на прекуграничната соработка меѓу двете соседни земји.

„Очекуваните резултати од проектот се најмалку 2.000 посетители на веб страницата годишно, најмалку 8.000 лица да бидат информирани за реализација на проектот,2.000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг и 100 претпријатија да ги зголемат нивните претприемачки капацитети.Тоа е голем бенефит за сите учесници во проектот но и за општествените заедници во меѓуграничната зона. Општина Охрид има прецизно утврдени цели за забрзан економски развој, во кој влегуваат и ваквите проекти. Во Локалната самоуправа во тек, покрај овој се и други проекти. Паралено, се одвиваат и обуки на дел од администрацијата за подготовка на апликации за добивање средства од разни фондови и нивна имплементација“– рече градоначалникот Стојаноски и посочи дека новата Локална самоуправа, е програмски определена за изработка на Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година.

„Стратегијата треба прецизно да го дефинира патот за негов долгорочен одржлив развој и правилно позиционирање на нашиот град во мапата на европски и светски културни центри и градови на езера.Основна цел е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на економските услови преку континуирани стопански вложувања, афирмација на јавниот простор, користење на паметни технологии, употре­ба на обновливи извори на енергија и рационално искористување на просторот и ресурсите“– додаде градоначалникот Стојаноски.

На конференцијата учествуваа 87 лица, а на саемот што исто така се одржува денес свои поставки ќе имаат 11 фирми од Охрид.

https://www.youtube.com/watch?v=liqGLUDyOjs