29/03/2024
Охрид

Охрид домаќин на креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување

Охрид од утре (14.06.2018) ќе биде домаќин на креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување, кој ќе го одржат Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Давор Петровски.

Во креативниот камп предвидени се повеќе активности, но меѓу најважните се: правилното дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух. Сите теми се проследени со теорија и вежби, информираат организаторите.

Креативниот камп ќе трае до сабота (16.06.2018).