25/04/2024
Охрид

Охрид домаќин на симпозиумот „Денови на Јустинијан 1“

Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски се обрати на свеченото отворање на 6-от Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан 1“, што денес се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид.

„Ако веќе не може во неговата „Аја Софија во Константинопол, тогаш, најсоодветно место за научна дебата за првиот император на Источното римско царство, Јустинијан  Први, секако, е охридската Света Софија.
Почитувани организатори на Шестиот  меѓународен научен симпозиум Денови на Јустинијан Први “; 
Почитувани универзитетски професори; 
Почитувани гости;
Почитувани присутни,
Од името на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Јован Стојаноскиод името  на Советот на Општина Охрид  и од мое лично име Ви посакувам топло и искрено добредојде во градот на светлината, светоста и просветата. 
Охрид е отворен град за сите.Охрид со широко срце ги пречекува сите намерници кои доаѓаат да уживаат и да се восхитуваат на неговите природни убавини и неговото бесценето културно наследство, а посебно им се радува на оние кои  со своите научно – истражувачки  трудови ја  дополнуваат  неговата просветителска ризница .
Ви посакувам успешна научна дебата на овој реномиран меѓународен научен симпозиум, а, воедно, Ве поканувам да најдете и малку слободно време да уживате во многубројните убавини на нашиот град.“ – подвлече Бежоски.

На настанот пригодни обраќања имаа и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски – член на организацискиот одбор, проф. д-р Митко Б. Панов – претседател на Меѓународниот организациски и научен комитет и  претставник од општина Ресен.

На случувањето беше промовиран зборникот на трудови од 5-от Меѓународен симпозиум по што настапи камерниот хор „Херувими“.

Организатори на симпозиумот се Универзитетот, „Евро – Балкан“ од Скопје,  Институтот за национална историја и Универзитетот во Болоња.