25/04/2024
Охрид

Охрид домаќин на словенечки културен настан

Доцна попладнево во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа промоција на книгата „Мартин Крпан- дипломат и воин“  од амбасадорот на Р.  Словенија во Р. Северна Македонија Н. Е. Милан Јазбец, а беше отворена и изложбата на уметнички слики од словенечката сликарка Аленка Герлович.

Поздравно обраќање пред присутните имаше  претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

– Огромно е задоволството да се присуствува на  културен настан кој обединува и зближува два народи. Верувам дека изложбата на слики од словенечката сликарка Аленка Герлович и промоцијата на книгата „Мартин Карпан – дипломат и воин“ од амбасадорот Милан Јазбец, претставуваат чекор напред во културното поврзување на   Р. Словенија и Р. Северна Македонија, од чие досегашно пријателство произлегоа многу примери на партнерство и соработка.  Ваквите културни случувања  ги поставуваат  темелите за поблиска соработка и размена на идеи и културни добра меѓу двете држави . Сите ние имаме единствена мисија на зацврстување на пријателските односи и афирмација на културните вредности и традиции меѓу двете држави.Ваквите случувања  се битни и за туристички развој и напредок  на Охрид  затоа што   привлекуваат   словенечки туристи  кои  од секогаш се  добредојдени на охридската  ривиера . Децении наназад  Охрид бил домаќин на многубројни светски познати личности, уметници, великодостојници , добронамерници . Сите биле убаво дочекани,  го пронашле тоа што го барале, заминувале со многу убави спомени и повторно се враќале кај нас. Јас верувам дека овој денешен убав културен настан ќе биде повод за наши повторни средби и организирање наредни културни случувања– рече Ангелоска.

Промотор на книгата  „Мартин Крпан- дипломат и воин“ беше проф. д- р. Кристина Николоска.

Настанот беше проследен од бројни посетители од земјава и странство.