Охрид– град партнер на седмиот Меѓународен саем на вино „Жупа 2018“

Во Александровац, Република Србија, се одржа седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“, на кој што Охрид беше град партнер. Во прекрасниот амбиент на хотелот „Грозд“, саемот беше организиран под покровителство на Општина Александровац, а учество зедоа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија и  Румунија, како и туристички работници и агенции од регионот.

За Охрид како туристичка дестинација со богато културно наследство и традиционална понуда за регионалните пазари на соседните држави, ваквите регионални манифестации претставуваат извонредна можност за туристичка промоција, реализација на деловни активности и воспоставување на партнерска соработка.

Имајќи во вид дека активниот туризам, во кој секако спаѓа и винскиот туризам, претставува туристичка гранка која на пазарите секоја година добива се поголемо внимание и значење. Промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина во туристички цели претставува можност која треба да се развива и во иднина поинтензивно да се промовира.