23/04/2024
Охрид

Охрид ќе биде домаќин на Конференција за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Македонија

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, согласно Спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија, на 19, 20 и 21 Октомври 2018 година во Охрид ќе одржи Конференција. На оваа конференцијата ќе се разговара за промоција на туризмот во Република Македонија, можностите и начините за заедничко аплицирање на македонските организации во Република Хрватска и хрватските во Република Македонија, кон европските фондови со надеж за поголем обем на средства.

На конференцијата свое обраќање ќе има директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, како и претставници од институциите во земјата кои ќе дискутираат по точките на дискусија и ќе имаат можност да дадат свое стручно и професионално гледиште. Воедно свои обраќања ќе имаат Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот во Република Македонија, проф. др Верица Јанеска, од Економски институт Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј, г-ѓа Марина Николовска, претставник од Министерство за образование и наука, г-ѓа Билјана Прентоска, претставник од Министерство за култура, г-дин Астрит Реџепи, претставник од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност како и претставник од „Центар изврсности“ при Министерство за надворешни работи на Република Хрватска.