16/04/2024
Охрид

Охрид ќе биде домаќин на научна конференција „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на РМ“

Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Владата на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат научна конференција на тема: „ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.
 
Конференцијата ќе се одржи на 4ти и 5ти октомври во Охрид.
 
Обраќање на конференцијата ќе имаат: Акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Република Македонија.
 
Воведно излагање ќе има акад. Гоце Петрески. Свои излагања ќе имаат и  Драган Тевдовски, Трајко Славески, акад. Абдулменаф Беџети и други академици и гости.