25/04/2024
Охрид

Охрид ќе биде домаќин на VI Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“

Во Охрид ќе се одржи VI Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“. Оваа година конференцијата тематски е посветена на „Дијаспора, транснационализам и интер-културни комуникации како нови форми на социјален капитал“.

Почетокот на конференцијат е закажана на 17 јануари во 12 часот во Куќата на Робевци во Охрид, на која покрај другите ќе обратат министерот во Владата на Р. Македонија Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојански, в.д.директорот на Агенцијата за иселенисштво Никола Шалваринов, како и претставници на универзитети иинститутти од повеќе земји учесници на конференцијата.

Организатор на конференцијата е Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Институтот за Социо-Културолошка Антропологија на Македонија од Скопје, MIRAS – Социјална Организација за Поддршка на Изучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан и Селчук Универзиетот од Конја, Турција.

Исто така пред почетокот на конференцијата во 11 часот во „Куќата на Робевци“ ќе се отвори изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турција.