25/04/2024
Охрид

Охрид по трет пат домаќин на Фестивалот „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“

Здружението за култура и уметност „АРТ ВИВЕНДИ“ – Охрид и Фондација „Жар-С“ – Бугарија и оваа година се организатори на Интернационалниот фестивал „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“ во Охрид што ќе се одржува од 29 јуни до 3 јули 2019 година.

Овој меѓународен фестивал се одржува по трет пат со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија (како проект за развивање на културата за 2019 година), Општина Охрид, Нов Бугарски универзитет и МБП. Идејата на организаторите е промовирање на бугарските народни уметности пред многубројните туристи од целиот свет кои во овој период се во Охрид. Основна задача на организаторите е давањето можност за перформанс и претставување на сопствена програма на учесниците.

Во недела, 30 јуни во 10 часот ќе има округла маса на која ќе говорат претставници од Р. Албанија, Р. Грција, Р. Бугарија и Р. Северна Македонија на тема за заедничките особености на фолклорот кај Балканските народи.

Во понеделник, 1 јули во 10 и 30 часот ќе биде отворена изложба со поставки на народни носии во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Свеченото отварање на фестивалот е со вечерна програма од 20 часот на Летната сцена „Долни Сарај“ на која учество ќе земат над 400 учесници од фолклорни ансамбли и фолклорни пејачки и танцови групи, хорови, клубови за народни танци и групи за староградски песни. Фестивалот продолжува и на 2 јули, на истата сцена со ревијална вечер. Овој фестивал е од натпреварувачки карактер и завршува со доделување на награди на најдобрите учесници.

Влезот е слободен за сите посетители.