19/04/2024
Охрид

Охрид под снежна покривка

Рано утрово во Охрид беше формирана снежна покривка, а снегот и понатаму продолжува да паѓа. Од УХМР известуваат дека под влијание на влажен и студен бран ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови од земјата. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Од 07:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан. Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од 08:45ч. на патниот правец Тетово-П.Шапка воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (ланци). Од 08:55ч. воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат.

Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.