20/04/2024
Охрид

Охрид претставен на саемот за туризам „Expocity Albania“

Во организација на Министерството за туризам на Р. Албанија, во Тирана се организира меѓународниот саем за туризам. Оштина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија од 06 до 08 април учествува на меѓународниот саем за туризам во EXPOCITY ALBANIA.

По промоцијата на туристичката понуда на Охрид на B2B средбите остварени голем број на работни средби со туристичките агенции и туроператори. Од страна на туроператорите од Р. Албанија, туристичката понуда на Охрид ќе биде вклучена во нивната регионална туристичка понуда.

На вториот ден продолжува промоцијата на Охрид и закажаните средби со туристичките агенции и туроператори.