18/04/2024
Охрид

Охрид претставен на Саемот за туризам во Загреб

Делегација на општина Охрид предводена од в.д. градоначалникот Константин Георгиески, денес го презентираше Охрид на меѓународниот саем „Place2Go“, во Загреб кој трае од 15 до 17 март. Покрај штандот на кој се презентираат туристичките и културно – историските знаменитости, Охрид беше претставен преку средби со туристичките претставници на повеќе земји и медиумски.

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.

Загрепскиот саем за туризам, е релативно нов, но мошне популарен. Во изминатите три години саемот го посетиле повеќе од 40 000 посетители, а повеќе од 450  фирми ги имаат понудено своите производи.

 

Овогодишен партнер на саемот беше македонската агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.