28/03/2024
ОхридСпорт

„Охрид трчаТ“ пушти рака за партнерство со „Run Bulgaria“

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ на маестрален начин со договор за нова соработка ја заокружи 2018 година. Спортскиот настан кој стана заштитен бренд на градот Охрид пушти рака за партнерство со „Run Bulgaria“ и ќе биде промовиран на атлетските манифестации организирани од заедницата.

Преставници од „Run Bulgaria“ присуствува на второто издание на „Охрид трчаТ“ и имаа можност одблиску да се уверат во одлична организација и професионализмот. „Run Bulgaria“ со 50 учесници ќе биде дел од третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

„Една од нашите цели уште од самиот почеток е во ова насока Охрид трчаТ да постане бренд кој ќе привлекува се повеќе и повеќе спортски гости во Охрид на задоволство на сите нас. Соработката со Ран Бугарија ја договаравме уште од нашето учество на Софија маратон и ни претставува големо задоволство што Охрид и Охрид трчаТ ќе се дел од нивните трки за 2019 година. Ние веруваме дека ова е само почеток кон уште поамбициозно привлекување на големата интернационална тркачка заедница да учествува на Охрид трчаТ. Придобивките се големи но и обврските исто така затоа ние како организатори максимално сме ангажирани во текот на целата година да го развиваме и афирмираме брендот Охрид трчаТ. За брзо ќе објавиме уште една соработка, се подготвуваме за наше учество на неколку маратони и полумаратони од Балканот во 2019 година, сме во преговори со неколку директори на трки да бидат наши гости за време на Охрид трчаТ викендот така што максимално сме посветени на меѓнародната соработка и афирмација на Охрид трчаТ и веруваме дека сето тоа ќе вроди со плод и во наредните години Охрид и Охрид трчаТ ќе се домаќини на повеќе од илјада тркачи од Европа и светот.“ – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Во инфомацијата во специфицираниот сајт за атлетика во Бугарија стои дека „Охрид трчаТ“ нуди многу возбудувања и активности за сите возрасти.

Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ започна на 24 декември и исклучиво може да се направи на официјалната интернет страна Ohridtrcat.mk.