28/03/2024
Охрид

Охрид во сите бои на светот: Традиционален фолклорен фестивал „Здравко Банар“

По осумнаесетти пат, во екот на главната летна туристичка сезона, во Охрид и Струга се одржува интернационалниот детско-младински фолклорен фестивал „Здравко Банар”.

Во рамките на фестивалот, се организираат мноштво активности и концерти, секоја година – од април па се до октомври.

Синоќа, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски” на концертот, односно изведбите и импресивниот колорит на носиите, уживаа илјадници туристи од земјата и светот.

Тие, ја имаа ретката прилика, на едно место, да се запознаат со фолклорот на Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Република Српска, и Турција.

Фестивалот продолжува до крајот на месецов, а наредниот концерт ќе се одржи на истата сцена во Охрид, на 18. август.

„Целта на овие фестивалски манифестации е да се зачува и збогати нашето фолкорно наследство, како и летната културна понуда на двата наши, крајезерски туристички центри – Охрид и Струга. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помегу земјите и народите, а истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста,“ – вели организатор на фестивалот „ФА Охрид 2010“, директор и голем ентузијаст, Здравко Јакимоски.

Веле Митаноски