29/03/2024
Охрид

Охридска фирма добила лажна фактура за уплата на пари во Германија

На 28.06.2019 година во 11.40 часот во СВР Охрид, Џ.Н.(35) од Охрид, вработен во фирма во Охрид пријавил дека на 27.06.2019 година од банка во Охрид бил известен дека до банката биле доставени документи дека фирмата каде бил вработен треба да уплати пари на фирма од Германија.

По извршена проверка било утврдено дека непознат сторител им пратил лажна фактура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.