18/04/2024
Охрид

Охридска вечер во Белград

Во рамките на активностите за презентација на туристичките можности на Охрид на 40 Меѓународен саем на туризмот, во Белград се одржа „Охридска вечер“.

На вечерта на која присуствуваа бројни тур-оператори, туристички агенции и јавни личности, градоначалникот д-р Јован Стојаноски, ги повика присутните да ги вкусат охридските специјалитети и да го посетат Охрид, една од најатрактивните дестинации во регионот.

На годинашниот јубилеен 40 Меѓународен туристички саем во Белград, Република Србија, што се одржува од 22 до 25 февруари, учествуваат околу 1 200 излагачи од 55 земји од светот.