28/03/2024
Спорт

„Охридски бранови 2008“ доби двегодишна забрана за учество на натпревари

Управниот Одбор на Пливачката Федерација на Македонија на седницата одржана на 20.12.2017 ги донесе следните одлуки кои стапуваат на сила од денот на нивното донесување:

  1. Воведување бодовен систем за клубови и пливачи според резултати на државни првенства;
  2. Усвоена предлог листа од Селекторот за Репрезентативци во Далечинско Пливање;
  3. Усвоени Норми за учество на Интернационални натпревари во 2018;
  4. 25 Декември – 25 Јануари преоден рок за пливачи во календарска натпреварувачка сезона според Новата програма на ПФМ;
  5. Забрана за учество на натпревари во рок од 2 години за пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ – Охрид;
  6. Забрана за учество на натпревари во рок од две години за пливачот Милан Китески;
  7. Усвоена програма за натпревари на ПФМ за календарската 2018 година.