29/03/2024
Охрид

Охридските акцијаши најдобри на ниво на поранешна Југославија

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денес во зградата на општина Охрид ги прими  акцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“  кои од 22 до 29 јули се вклучија во големата акција за чистење, „Скопје на дланка“, а повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Охриѓани  кои со поддршка на охридската локална самоуправа се вклучија во акцијата  беа прогласени за најдобри акцијаши  меѓу  200  учесници од поранешна Југославија. Во еднонеделниот  престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“ односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет.

За постигнатите успеси градоначалникот Стојаноски на младите и повозрасни бригадири и бригадирки  им додели благодарници со надеж дека во иднина  тие активно ќе се вклучуваат во секоја акција за чистење на Охрид.  Од страна на градоначалникот беше изразена  волјата средствата кои ќе бидат наменети за здружението да бидат дел од  годишната буџетската   програма доколку здружението навреме достави барање со предвидените активности до општина Охрид.

Градоначалникот вети дека во иднина  ќе се заложи за  решавање на просторниот проблем на здружението доколку  неговите членови пред почетокот на  наредната летна туристичка сезона спроведат голема акција за чистење на Охрид.