29/03/2024
Охрид

Охридските новинари и ФА „Бисери“ организираат хуманитарен хепенинг „Играме и пееме за Сара“

Во недела на 28 октомври од 16 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид во организација на новинарите и медиумите од Охрид и Фолклорниот ансамбл „Бисери“ ќе се одржи голем хуманитарен хепениг „Играме и пееме за Сара“ на кој ќе настапат музичари и други уметници од Охрид и Струга.

Целта е преку хепенингот сите што ќе дојдат да одвојат по некој денар од својот буџет и да помогнат за лекување на 15 годишната Сара Настеска од Охрид.

На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор „Анемија Пластица“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

На семејството потребни им се 200 000 евра за нејзино лекување во Германија.

Идејата за големиот хуманиатерен хепенинг се шири брзо од час во час и досега во неа се вклучени речиси сите медиуми и медиумски работници од Охрид и Фолклорниот ансамбл „Бисери“ кој работи при Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Голема е поддршката од ЈП „Билјанини Извори“ каде што ќе се одржи настанот како и од LABINO SOUND кои ќе се задолжени за озвучувањето.

Засега се знае дека на хепенигот покрај ФА „Бисери“ прифатија да настапат и „Весели бисерчиња“, деца учесници на фестивалот „Распеано рибарче“, групата „Камелеон“, Дамјан Пејчиноски, Жармена и Димче Китрозоски, Петар Нечоски, Ивана Коскоска, дуото „Black moon “ (Мила и Билјана) и „Atlas world “ во соработка со музичкото катче „Си беше еднаш“ и деца ученици од основното и средното музичко училиште од Охрид и Струга.

Но, просторот да се вклучат и други е отворен.

Контакт телефон: 078 378 718 Татјана Узуноска Тренеска

Ајде сите да и помогнеме на нашата Сара да ја победи болеста!