25/04/2024
Охрид

Охриѓанец извршил тешка кражба во Климештани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба”. Во јули 2018 година во каменолом сопственост на Н.У.(43) и К.Л.(46) во атарот на село Климештани, охридско, пријавениот со употреба на физичка сила влегол во управната зграда и одзел разни метални предмети, кои потоа ги продал во Охрид, со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.500.000 денари.