24/04/2024
Охрид

Охриѓанец ја нападнал својата сестра и ѝ нанесол повреди

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ф.К.(26) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на четврти овој месец во 08:30 часот во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанесол повреди изразени во греботини и отоци на рацете.