29/03/2024
Охрид

Охриѓанец оштетил возило и физички го нападнал возачот

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 22 минатиот месец во 23 часот и 40 минути на булевар „Туристичка“ во Охрид. Тој, со употреба на звучни сигнали успеал да сопре патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски таблици управувано од М.У. од Охрид. Пријавениот, со раце и нозе започнал да удира по каросеријата од возилото, а потоа го скршил стаклото од задната шофершајбна. Во момент на силна агресивност, пријавениот О.М. ја отворил предната лева врата од возилото и физички го нападнал возачот М.У. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и стомакот.