19/04/2024
МакедонијаОхрид

Охриѓанец повреден во сообраќајка во Скопје

На 21.12.2018 година во 14:00 часот во Скопје на ул.„Тодор Александров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје и mопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К(38) од Охрид. Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ургентен центар -Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.