29/03/2024
Македонија

Охриѓанец приведен поради тепачка во угостителски објект во Тетово

На 04.02.2018 година околу 01:00 часот било пријавено дека има нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица во угостителски објект на ул. „133“ во Тетово.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале М.Ѓ. (22) од Тетово како со метален предмет ги кршел стаклата на објектот. На местото бил затекнат и Ф.Д. (20), кој се обидел да побегне, но не успеал. Двајцата биле приведени во полициска станица. Поради постоење сомнение за инволвираност во нарушувањето, биле приведени и задржани и Е.З.(33) од Тетово и А.Р. (32) од Охрид.