20/04/2024
Охрид

Охриѓанец со автомобил повредил пешак

На 17.07.2018 година околу 09:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен товарно моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблици управувано од М.Б.(69) од Охрид удрило во пешакот Б.Т. (51) од село Долно Перово, ресенско. Во незгодата Б.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа-Ресен. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Ресен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.