19/04/2024
Охрид

Охриѓанец со нож му се заканувал на соседот

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ц.Т.(71) од Охрид.

На 20-ти минатиот месец, при средба на пријавениот со неговит сосед В.Ј.(55) во ходник од зграда на булевар „Туристичка“ во Охрид, се случила меѓусебна вербална караница околу чистење на оџакот и забелешка од В.Ј. кон пријавениот дека неговото купатило прокиснувало. Во тој момент, сега пријавениот извадил нож, се заканал дека ќе го употреби, замавнал со ножот кон соседот, кој пак успеал да се оттргне избегнувајќи директна повреда.

За кратко време интервенирал друг сосед кој го оддалечил пријавениот на страна и му го одзел ножот.