18/04/2024
Охрид

Охриѓанец со нож повредил маж во ресторан

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Т.Г.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”.

На 25.11.2017 година во ресторан во Охрид пријавениот, го прободел со нож Д.А., во пределот на грбот и градниот кош.