19/04/2024
Струга

Охриѓанец со пластичен пиштол и пластична рачна бомба влегол во угостителски објект во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување на општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Охрид.

Тој, на 16 ноември оваа година, во видно алкохолизирана состојба влегол во угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга и започнал да упатува навредителни и заканителни зборови кон присутните гости. Потоа извадил пластичен пиштол и пластична рачна бомба со што предизвикал страв кај присутните лица. Пријавениот веднаш бил приведен во полициска станица.