Охриѓанец заработи кривична за бесправна сеча на дрва на Галичица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ч.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење шума“ и ,,узурпација на недвижности“.

Во текот на феврури 2019 година на планина Галичица, од парцела сопственост на Р.С. Македонија, пријавениот бесправно исекол поголема количина огревно дрво. Дел од дрвата била пронајдени и одземени од вработени во шумска полиција.