19/04/2024
Охрид

Охриѓани ќе се обесштетуваат за штетите од земјотресите

Со Одлука на Владата на Република Македонија од 2 октомври 2018 година, на Општина Охрид и се наменети 6.451.013 денари за обесштетување на граѓаните, чии домови имаа оштетување од серијата земјотреси минатата година.

Претходно општинската комисија изготви Елаборат за сите оштетени објекти, кој беше прифатен од страна на Советот на Општина Охрид. Со овој елаборат беа опфатени 802 објекти на физички и 60 објекти на правни лица.

Во наредниот период ќе биде изработено решение за распределба на финансиските средства, a целата постапка се очекува да заврши за 30 дена.