28/03/2024
Охрид

Охриѓани краделе во куќи, викендици, станови и работилници низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени 17 каривични дела – “тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид: Исто така кривична пријава е поднесена и против К.А.(48) од Охрид, за сторено казнено дело “прикривање“, а во врска со кривичните дела “тешка кражба“.

Имено, пријавениот С.Ѓ. тешките кражби ги сторил во периодот од октомври 2019 до февруари годинава во куќи, викендици, станови и  работилници во Охрид и во населбите Лагадин, Исток и Рача. Притоа, со употреба на физичка сила и подесен алат влегувал во просториите од каде одземал различни електрични алати за работа, ЛЦД телевизори и други апарати од бела техника, уметнички слики, постелнина и други предмети. Истите, потоа ги складирал во домот на К.А. од каде вршел препродажба на украдените предмети.