29/03/2024
Охрид

Охриѓанка викала и фрлала предмети кон домот на лице на ул. „Момчило Јорданоски“

На 29 март оваа година околу 00:45 часот во СВР Охрид пријавено е дека А.В.(30) од Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно однесување и фрлање предмети кон домот на С.Д. (23) лоциран на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид.

А.В. е повикана на разговор во полициската станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.