16/04/2024
Охрид

Охриѓанката Севил Селман беше концерт мајстор на настапот на пијанистот Сермет во Истанбул

Во концертната сала „Гранд Пера“ во Истанбул, брилијантен настап, како што пишуваат турските медиуми, имаше славниот пијанист Хусеин Сермет. Концерт мајстор на Босфорскиот филхармониски оркестар, беше охриѓанката Севил Селман, виолинистка со видлив подем на меѓународната музичка сцена.