16/04/2024
Струга

ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга со честитка до граѓаните по повод Новата 2019 Година

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и јас како претседател на истиот, на сите граѓани на општина Струга и на Република Македонија им ги честитаме новогодишните празници и им посакуваме добро здравје, благосостојба, среќа и успех.

Се надеваме дека во 2019 година ќе ги победиме црнилата кои надвиснаа над нашата татковина и 2019 ќе биде година на една нова визија и проекти во Република Македонија и во општина Струга.

Зад нас останува година која беше тешка за стружани, како и за сите граѓани во државата. Имено, спротивно на животот кој го ветуваа, како во Македонија, така и во Струга, неколку семејства добија честитка- отказ од работа, само поради тоа што не се согласуваат со политиките на СДСМ . Вредно е да се споменат и особено лошите резултати во здравството, судството, социјалната политика, културата, земјоделието, економијата, како и ветувањата за нови инвестиции, фирми и фабрики за стружани, но за жал, до тоа не дојде.
ВМРО-ДПМНЕ и во следната година, како одговорна партија ќе остане посветена, да работи и да придонесува за изградба на Струга во еден современ и напреден град .

Сите заедно, сплотени и единствени да продолжиме да работиме за доброто на Македонија и да им се спротивставиме на овие транзициони политичари кои не втурнаа во бездна.

Нека 2019 година ни донесе мир и благосостојба во нашите семејства.

Ви посакувам Новата 2019 да биде година која ќе остави посебен белег во вашите срца, а ќе ја паметите само по убави нешта: успеси на секое поле, здравје, среќа, бериќет и радости, како и ослободување на татковината од велепредавниците и црните облаци, истакнува во Новогодишната честитка, Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски.