28/03/2024
Охрид

Околу 250 деца во Охрид го навестија Христовото раѓање

Околу 250 деца беа дел од денешната бадникова литија што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред се одржува во Охрид. Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди во рака децата на симболичен начин го навестија Христовото раѓање.

Поворкатa тргна од пред храмот „Св. Георги“ – Горна Влашка мала и се движеше по улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“ и продолжи до градскиот плоштад.

Точно напладне непосредно до Бадниковата пештера на Плоштадот, децата беа пречекани од претставници на Локалната самоуправа кои заедно со група верници им даруваа подароци односно пакетчиња.

Поворката помина и низ oхридската чаршија сé до храмот „Успение на Пресвета Богородица“-Каменско, каде беше организиран пречек од страна на старешината на храмот и каде на децата им беа поделени крстиња за благослов.

Нa крај целиот овој свечен настан заврши со заедничка молитва и заеднички бадников ручек.

https://youtu.be/Z8VPwZphc0w