20/04/2024
Спорт

Онлајн албум со самолепливи сликички

Албумите со самолепливи сликички секогаш се актуелни. Во овој период, во екот на Лигата на шампиони, но и пред Светските и Европските фудбалски првенства, најактуелни се сликичките со фудбалери.

Во ерата на компјутерите и интернетот, веќе години наназад актуелни се и дигиталните албуми. По двата онлајн албуми од италијанскиот „PANINI“, оваа година за официјалниот албум од Лигата на шампиони е задолжен американскиот „TOPPS“, односно нивната подружница во Англија.

Во овој албум Македонија е под нејзиното уставно име, додека пак единствениот Македонец во овој албум е Аријан Адеми, кој за жал, пред извесно време доби 4-годишна суспензија од страна на УЕФА.

ToppsDinamoZagreb2015

Според статистичките податоци од голем број светски колекционери, за да комплетирате албум со 638 сликички, потребни ќе ви бидат 875 пакетчиња со 4375 сликички од кои 3737 дупли.

Кај нас цената на едо пакетче со сликички е 30 денари, што значи дека за да го комплетирате албумот ќе ви бидат потребни 26.250 денари.

Но, затоа тука се онлајн албумите. Добивате бесплатно пакетче со сликички на секои 4 часа, а дуплите сликички можете веднаш да ги замените, проверете: uclstickers.topps.co.uk

WebOhrid