29/03/2024
Македонија

Оперативен центар на Европол: 30 земји се здружија во борбата против криминалот на Западен Балкан

ЕМПАКТ програмата (Европска мултидисциплнарна платформа за борба против закани од криминал),која вклучува нелегална трговија со огнено оружје, нелегална миграција, измама со документи и нелегална трговија со дроги обедини 6.758 полициски службеници, од кои 6.708 теренски и 50 службеници од Оперативниот центар во седиштето на Европол во меѓународната операција Денови на заедничка акција (ДЗА) за Западен Балкан за 2019 година.

По неколкумесечната подготвителна фаза, во почетокот на месецов се спроведе оперативната фаза на овие меѓународни полициски активности, во која 50 полициски службеници од речиси сите земји членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, Европол, Фронтекс, ИНТЕРПОЛ и ИПА/2017 ги интензивираа проверките во спречување на нелегалната трговија и криумчарење на оружје и муниција, како и на недозволена трговија со дрога и илегална миграција.

Врз основа на претходно добиени информации за регионалните трендови и правците на движење на горенаведените видови криминал, издиференцирани беа три гранични премини на територија на Северна Македонија, на кои се вршеа зајакнати контроли на патници и возила – ГП Табановце/Србија, ГП Блаце/ Косово, ГП Богородица / Грција.  

Притоа, во меѓународната операција Денови на заедничка акција (ДЗА) за Западен Балкан за 2019 година беа проверени вкупно 214.147 лица, возила и простории, а беа уапсени 175 лица (26 беа уапсени за време на подготвителната фаза, а 149 во оперативната).Покрај ова, издадени се 329 одбивања на влез, откриени се 164 тајни влезови, како и 111 пречекорување на дозвола за престој. Во операцијата беа детектирани 14 измами или злоупотреба на визи, 71 фалсификуван документ, како и 54 огнени оружја и 895 парчиња муниција.

За време на реализацијата на оперативната фаза од акцијата, активностите беа следени и координирани во рамки на двата оперативни штаба, во МВР и во Европол во Хаг, Холандија каде што работеше Оперативниот координативен центар, со преставници од земјите учеснички во акцијата и од меѓународните организации.

Операцијата беше координирана од ЕМПАКТ програмата, како дел од Политичкиот циклус на ЕУ, четиригодишен план за борба против организиран и сериозен криминал, а резултатите и собраните информации ќе помогнат во тековните и идните истрагизаедничко зајакнување на границите на Европа и внатрешната безбедност.

Инаку, заради потребата од брза размена на информации во текот на акцијата, односно обезбедувањето на пристап на СМПС и Бирото за врски во Европол до сите расположливи национални бази на податоци, заради вршење на проверки во реално време, целокупната коресподенција со учесничките на истата се одвиваше преку Одделението за Европол и користење на СИЕНА апликацијата за брза и безбедна размена на информациите.