Опожарен автомобил во Охрид

На 06.12.2019 година околу 02 часот на булевар „Асном“ во Охрид настанал пожар во патнички автомобил „Мини Купер“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.А.(43) од Скопје. Пожарот е изгаснат од територијалната против-пожарна единица, а увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи.