Опожарена нива во близина на струшкото село Мороишта

На 20.03.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар на нива лоцирана во близина на струшкото село Мороишта, при што опожарени биле четири плевни и една куќа. Во пожарот целосно изгореле над 10000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга. На 21.03.2019, на местото на пожарот, извршен е увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.