29/03/2024
Струга

Опожарена трска покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и Калишта

На 23.03.2019 година во 15:20 часот било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и с.Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска.

Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.