Опожарени три парцели со лозов насад во атарот на Вевчани

На 28.08.2018 година во времето од 12,00 до 12,45 часот во атар на село Вевчани, струшко, на место викано „Суво поле“, во поле со лозов насад настанал пожар при што биле опожарени три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга – Лабуништа, при што биле опожарени вкупно 7.500 лозници. Во 16,30 часот од екипа на Противпожарна единица Струга пожарот е локализиран. Извршен е увид на местото на настанот.