Опожарени возила на паркингот кај „Европа“

Денес, околу 01:00 часот по полноќ, на паркингот на поранешниот полигон за мали спортови, кај ресторанот „Европа“ во Охрид, опожарени се 2 возила кои беа паркирани едно до друго, а пожарот премина и на трето возило кое беше делумно опожарено.

„Станува збор за неисправна инсталација на едно од патничките возила поради што настанало искричење и пожар во едно од возилата, а потоа пожарот се префрлил и на второто возило. За кратко време интервенирала против-пожарната единица која успеала да го локализира пожарот кој што преминал и на трето возило кое е делумно изгорено.“ – изјави портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

На лице место увид изврши јавен обвинител, полициски екипи и крим-техника од СВР Охрид и утврдено е дека се работи за неисправна електрична инсталација.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid