19/04/2024
Струга

Опожарено возило во струшко Октиси

На 13.05.2018 година во 02:30 часот во Полициска станица Струга, Ќ.Ц.(55) од село Октиси, пријавил дека околу 01:00 часот неговото патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во подрумските простории било опожарено.

Од екипа на Противпожарна единица Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.