29/03/2024
Дебрца

Општина Дебрца домаќин на традиционалната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби – 2018 “

Општина Дебрца денес беше домаќин на поетите, учесници на традиционалната книжевна манифестација “Струшки книжевни средби – 2018“. При посета на селото Белчишта гостите топло беа пречакани страна на градоначалникот Зоран Ногачески, кој во своето обраќање упати поздрав до присутните гости – поети како и до пратеничката од Собранието на Р. Македонија Жаклина Лазареска односно градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски. По кратката презентација за карактерот на општина Дебрца, следеше видео проекција за природниот резерват “Сини Вирој”.

Следуваше заедничка посета на Интернационалната Колонијата за ликовна уметност и Ликовната галерија во село Белчишта како и Домот на Белчишкиот гајдаџија, Целе Блажески.

Групата подоцна се упати кон селото Црвена Вода, каде беа посетени  родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца односно спомен собите на НОБ и ПОМ.

Учесниците имаа можност да ги почувствуваат вкусовите на “Традиционална македонска софра” – подготвена од страна на жителите на селото, сето тоа пропратено со прекрасната поезија на присутните поети.

За крај, до сите присутни гости, лична благодарност упати и градоначалникот Ногачески, со желба ваквата манифестација да доживее уште многу вакви средби.